Уште не се научивме! Уште не ни дојде умот! Уште колку сообраќајки треба да се направат на ова место, на овој чуден и непотребен превалец на патот Охрид – Пештани?! Уште колку жртви треба да земе оваа голема црна точка кај новата плажа Атлантик*?! Уште колкумина млади возачи и патници треба да загинат и уште колку споменици треба да стојат речиси на патот (веднаш до коловозот!) на местото на несреќите на ова мошне прометно место кај Елешец?! И кој треба да реагира освен локалните жители од Елшани и Елешец и по некој од нас медиумите за да се санира овој пат, да се отстрани и овој непотребен превалец и да се прошири овој магистраелн пат, особено овде кај Елешец?!?!!?!
Претесен е патот , преопасен е превалецот кај Атлантик, а уште позбунувачки е и нејасно: кој дозволил да се стави ограда, метална ограда со метална врата НА САМО ПОЛОВИНА МЕТАР ОД КОЛОВОЗОТ(!!!!) која психолошки ги “насочува возилата да возат полево”, и кој уште дозволил на местото на погибијата на младите возачи (искрено сочувсвуваме со семејствата!) да се изгради толку воочливо и деконцентрирачко спомен -обележје ВЕДНАШ ДО КОЛОВОЗОТ(!) кое може само да ја намали безбедноста и да ја зголеми опасноста од нови несреќи?!
Време е да ни дојде умот и да помислиме и на сигурноста на нашите возачи и на нашите патници! Да ги отстраниме сите црни точки од нашите патишта и сите црни и морбидни спомени при нашите патувања! За наше добро и за добро на нашите идни генерации!
Нека биде ова апел до надлежните од Македонија Пат и до локалните и државни органи да преземат мерки за поголема безбедност на сите нас – граѓаните кои секојдневно се среќаваме со вакви црни точки по патиштата низ Македонија!
Напис и фото запис: Дим Дон