Објектите на ЈП „Билјанини Извори“ повторно се вклучени на напојување

Попладневно објектите на ЈП „Билјанини Извори“ од Охрид повторно се вклучени на напојување на мрежата на ЕВН Македонија.

Вклучувањето следува од како за ова лично се заложи градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески кој денес преговараше со менаџментот на ЕВН во Скопје.

Сега повторно објектите ќе може да функционираат нормално, ќе се одржуваат тренинзи, а непречено ќе стартува и работата на базенот.

ЈП „Билјанини Извори“ во моментов на ЕВН Македонија и должи нешто помалу од 8 милиони денари, долгови кои се насобирани во периодот од 2008 година до март 2013 година.