Претпладне топло, попладне се очекува дожд

Времето денес во Македонија  претпладне ќе биде сончево и топло со темератури до 34 целузиусови степени.

Попладне ќе настапи дестабилизација на атмосферата со локален дожд и грмежи, а ќе има услови и за изолирана појава на краткотрајно невреме. Ќе дува умерен, кон крајот на денот во западните делови и засилен ветер од западен и југозападен правец.

Во Охрид претпладне ќе имаме сончево и топло време, а попладне ќе има услови за развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Температурата ќе се движи од 16  до 24 степени.