Секторот за комунален развој, сообраќај и улици при Општина Охрид, ноќеска на полноќ започна со најавеното уредување на хоризонталната сообраќајна сигнализација, односно бојадисување на осовинските линии и пешачките премини.
Уредувањето на хоризонталната сообраќајна сигнализација, вечерва продолжува на улицата „Туристичка“. Поради тоа од Секторот за комунален развој , сообраќај и патишта при општина Охрид апелираат до охриѓани кои живеат на горенаведената улица, вечерва да не ги паркираат своите автомобили на оваа јавна површина, со цел да има непречено одвивање на акцијата.
Акцијата се спроведува согласно годишното одржување на патиштата и истата е соодветно обележана.