Ученици од ОУ „Кочо Рацин“ учествуваа на детска ликовна колонија

На Детската ликовна колонија „Чашка 2014“ што се одржа од 17-ти до 20-ти јуни учествуваа учениците Вероника Николоска шесто одделение и Александра Стевоска четврто одделение, од ОУ „Кочо Рацин“ – Охрид. Под менторство на Љубица Чифлигароска, учениците ги твореа своите дела инспирирани од архитектурата на градбите во селото.

На крајот на колонијата се прогласуваа наградените творби меѓу кои како трето наградена беше ученичката Александра Стевоска, од ОУ „Кочо Рацин“, како најмлад учесник. Неколку од делата кои ги изработи наставничката Љубица Чифлигароска на колонијата ги поклона на општина Чашка и во училиштето кои понатака ќе бидат подарени на спонзорите кои учествуваа во помагањето на колонија. За крај на колонијата директорката на ООУ „Тодор Јанев“ од Чашка и членови на советот на општина Чашка на учесниците им посакаа успешно творечко лето во кое ќе насликаат повеќе дела кои ќе им бидат обележје за ова лето.