Еден од највпечатливите белези во старото градско јадро „Горна порта“ доби ново осветлување. Покрај стандардните рефлектори на древните камени ѕидови од неодамна се поставени и фенери во автентичен, градски стил.
Инаку, наскоро се очекува постоечките канделабри на градскиот плоштад да бидат заменети со нови кои ќе бидат во автентичен градски стил. Тие ќе имаат две или три сијалици а подоцна Општина Охрид ќе набави исти такви канделабри кои ќе бидат поставени по должината на езерскиот кеј.