Охриѓанец лишен од слобода

На 23.06.2014 година, постапувајќи по судска наредба, на ул. „Теодосиј Гологанов” од страна на Единицата за прв одговор и интервенција лишен од слобода е Христијан Ш.(36), од Охрид, кој се барал за издржување затворска казна во траење од три години, за сторено кривично дело “тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот”.  Истиот е спроведен во СВР Скопје за понатамошна постапка.