Запленети девет илјади килограми праски на граничен премин Богородица

Царинските службеници на граничниот премин Богородица, на 23.06.2014 година запленија 9.060 килограми непријавена стока – праски.

На 23 јуни 2014 година, околу 23:15 часот на граничниот премин Богородица на влез во Република Македонија, за транзит се пријави товарно моторно возило влекач со ладилник со полски регистарски таблички, сопственост на превозната компанија од Република Полска, управувано од полски државјанин со иницијали Ј. Т. С. Возилото било натоварено со свежи праски и цреши од Република Грција, наменети за компанија увозник од Република Полска. По пристигнување на граничниот премин Богородица, осомничениот ги доставил документите потребни за отпочнување на транзитна постапка за што од страна на шпедиција била изготвена транзитна царинска декларација со која се пријавени 12.789 килограми праски и цреши. При извршената контрола на ладилникот, царинските службеници покрај пријавената стока пронајдоа и непријавена стока-праски сместена во 1.600 дрвени гајби  со тежина од 9.060 килограми и вкупна вредност од 421.398,00 денари.

Царинската управа на Република Македонија поднесе кривична пријава до ОЈО-Гевгелија против осомничениот поради основано сомнение дека сторил кривично дело „Криумчарење“ казниво по чл. 278 од КЗ на РМ, а судијата на претходна постапка од Основен суд Гевгелија на осомничениот му одреди мерка притвор во траење од 8 дена.

Praski n4