Кривична пријава за поранешен раководител во МЈП Проаква – Струга

Поради постоење на основано сомнение за сторено казнено дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“ полициската станица од Струга против А.В. (48) од струшкото село Радолишта поднесе кривична пријава. 

Пријавениот, во текот на 2009 година, во својство на одговорно лице раководител на работната единица „Колектор“ овозможил продажба на старо железо при што на Јавното претпријатие „Проаква“ му нанел штета во износ од 1.051.500,оо денари. Противправната постапка ја направил иако знаел дека за ваквите продажби треба да формира посебна комисија, да објави тендер но и да има предходна одлука на Управниот Одбор на претпријатието.

Пријавениот А.В. искористувајќи ја својата службена положба и овластување, во текот на јануари 2009 година, овозможил од работната единица „Колектор“ утовар на старо железо со извесен состав на бакар во вкупна тежина од  44.040,оо килограми.

За товареното старо железо, Јавното претпријатие „Проаква“ наплатило износ од 59.500,оо денари со истовремено книжење на фактурата и изводот по што книговодствено случајот бил затворен.