Проколната зграда во Земун: Син убил мајка, маж-сопруга, две самоубиства

Нешто чудно се случува во зградата број 14 на улицата Сава Буриќ во Земун. Оваа зграда како да е проколната. Во последните неколку години син уби мајка, мажот својата сопруга, неколку самоубиства и пронајдена е старица, која лежела мртва повеќе од шест месеци.

Висококатницата има скоро 100 станови и како што вели една од станарките сите несреќни случаи се случуваат на шестиот кат.

„Во оваа зграда се случуваат многу работи, многу трагедии имаме видено. Најмногу болка е доживеана на шестиот кат. Таму се случија две самоубиства и едно убиство. Најпрво се самоуби една жена која дозна дека нејзината ќерка боледува од рак. Мајката не можеше да ја поднесе болката и се фрли од терасата. Неколку години претходно повторно имаше самоубиство на тој кат. Но, тоа не се сите трагедии. Полицаецот во пензија, минатиот февруари ја уби својата сопруга. Тој повика полиција и им кажа дека сопругата ја пронашол мртва. Беше во локва крв, избодена во градите, а ножот беше до неа. Подоцна се воспостави дека всушност тој е нејзиниот убиец“, вели една од странарките.

Ова е крајот на несреќните случаи на шестиот кат, но не и во зградата.

„Неодамна го пронајдовме мртвото тело на една наша соседка која ја немавме видено повеќе од шест месеци. Во меѓувреме на двапати повикавме полиција, но бидејќи немаа налог за да влезат се враќаа. На крај дојде еден нејзин роднина, да не праша што се случува со неа и зошто не му се јавува на телефон на синот кој живее во Канада. Дури тогаш ја скршиве вратата“, додава станарката.

Старицата е најдена мртва во кревет. По се изгледа умрела во сон. Вратата од терасата била отворена, а од мртвото тело останале само коски и кожа.

Последниот смртен случај во оваа зграда е кога син ја задавил сопствената мајка во семејниот стан. Подоцна младиот дечко беше уапсен на ова дело.

Дали оваа зграда е навистина проколната или тоа се само приказни со цел во иднина да прерасне во мит останува на вас да процените!

Извор: Нет Прес