Министерката за внатрешни работи м-р Гордана Јанкулоска заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР Митко Чавков, денес го посетија Центарот за обука на пилоти во касарната “Страшо Пинџур“ во Петровец а по повод почетокот на таканречената AIR Screening – селекција во воздух, со првата група кандидати за прием на пилоти на полициски хеликоптер по конкурсот што МВР го објави пред неколку месеци.
Притоа, од страна на раководните лица на Центарот министерката Јанкулоска беше информирана како за досегашниот тек на селекцијата на пријавените кандидати, така и за оваа нова фаза на AIR Screening – селекција којашто ќе се одвива во два дела за 34 преостанати кандидати. Првата група од седумнаесет кандидати почнувајќи од денес селекцијата во воздух ќе треба да ја заврши до 17 идниот месец, додека селекцијата за втората група од исто така 17 кандидати ќе започне на 11 август а ќе трае до 12 септември.
Инаку, како што претходно информиравме на конкурсот за прием и обука на 12 пилоти за потребите на хеликоптерската единица при МВР се пријавија вкупно 469 кандидати (од кои 407 од мажи и 59 жени). Во изминативе месеци беа реализирани неколку видови селекција.
При административната селекција отпаднале 44 кандидати (заради возраста (од нив 38 машки и 6 жени кандидати). Потоа на проверката на физичките способности беа повикани 422 кандидати од кои 298 успешно ја минаа оваа фаза на селектирање, а по ова следеше тестирање за познавање на англискиот јазик на кое успешно поминале 214 кандидати од кои 182 мажи и 32 жени.
На лекарските прегледи спроведени според критериумите за ПС отпаднале 16 кандидати, а останатите 198 кандидати беа упатени на т.н. селекција на земја која што успешно ја поминале 35 кандидати од кои 30 мажи и пет жени. По ова следеше фазата на воздухопловни лекарски прегледи на кои отпаднал само еден кандидат, а останатите 34 кандидати се упатени на AIR Screening – селекција што ќе се реализира во наредниве два месеци ќе бидат.