Прв ден од посетата на министерот Јолевски на САД – интензивни средби во Вашингтон

Министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски кој е во работна посета на САД, вчера оствари средби со сенаторот Том Котон, со поранешниот советник за национална безбедност на претседателот Обама, генерал Џим Џонс, со советникот за безбедносна и одбранбена политика во Герман Маршал Фонд, Дерек Колет, а оствари средба и со претставници на американска компанија заинтересирана за инвестирање во наменска индустрија во Македонија и во полигонот Криволак. На средбите министерот Јолевски ги информираше соговорниците за реформите во одбраната, за процесот на модернизација на АРМ кој се реализира согласно НАТО…

повеќе...

Јолевски: Сите млади лица да се пријават на конкурсот за пилоти

Министерот за одбрана, Зоран Јолевски, во рамките на денешниот „Отворен ден“ во Центарот за обука на пилоти во касарната во Петровец ги повика сите млади лица до 27 години кои се мотивирани да станат идните пилоти во Армијата на Република Македонија, да се пријават на отворениот конкурс. Овој центар, кој е заеднички проект со израелската компанија „Елбит“ е еден од најквалитетните центри од овој тип во светски рамки, рече министерот Јолевски. Тој посочи дека процесот на селекција е целосно објективен и се темели единствено на покажаните способности преку серијата тестирања…

повеќе...

Министерот Јолевски ги повика заинтересираните млади луѓе да се пријават на огласот за пилоти во Армијата

Министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски, за време на денешната презентација на петтата генерација слушатели во Центарот за обука на пилоти ги повика сите граѓани на Република Македонија, кои имаат завршено високо образование, говорат англиски јазик и се помлади од 28 години да се пријават на конкурсот за обука на пилоти. Оние кои ќе го поминат селективниот процес воден од искусни пилоти-инструктори од Израел ќе имаат можност да добијат висококвалитетна обука и да станат пилоти на Армијата на Република Македонија. Јолевски за кадетите истакна „Пред нас се талентирани…

повеќе...

Откривање на спомен обележје во чест и вечен помен на четворицата пилоти на МВР

Денес во Аеродромската база „Брест“ во Петровец беше откриено спомен обележје во чест и вечен помен на четворицата трагично загинати пилоти Драги Мицев, Иљо Лопатички, Марјан Трајковиќ и Тоде Орешков во хеликоптерската несреќа што се случи на 10 Јули минатата година во близина на Струмица. Пред семејствата на пилотите, поканетите колеги и гости со поздравен говор се обрати Директорот на БЈБ м-р Горанче Савовски кој во оваа прилика во своето обраќање рече: „Република Македонија е создадена и опстојува благодарение на храброста и пожртвуваноста кон татковината и својот народ од страна…

повеќе...

Јолевски: Најдобрите ќе бидат селектирани да бидат идни пилоти на Република Македонија

Министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски, денес во касарната „Страшо Пинџур“ имаше свое обраќање по повод Денот на воздухопловната бригада при што порача: „И оваа година министерството за одбрана продолжува со реализација на поставените приоритети и цели меѓу кои е и подобрување на условите за живот и работа на припадниците на АРМ. Веќе е започнат процесот за потполна на единиците на АРМ со нови професионални војници и отворен е повикот за отпочнување на обука за образование на нови пилоти.“– истакна Јолевски. Со своето обраќање министерот Јолевски упати апел…

повеќе...

Постапка за утврдување на листа на воздухопловни стручњаци за 2015 година

Согласно членот 137 од Законот за воздухопловство, Агенцијата за цивилно воздухопловство ќе спроведе постапка за утврдување на листата на воздухопловни стручњаци за 2015 година. Критериумите за исполнување на условите за впишување во листата на воздухопловни стручњаци се утврдени со Правилникот за критериумите за овластување на лица за испитувачи во листата на воздухопловни стручњаци (Службен Весник на Република Македонија бр. 44/2007). Потребно е заинтересираните лица кои ги исполнуваат потребните услови да достават апликација/барање за впишување во листата на воздухопловни стручњаци за 2015 година, најдоцна со 15.02.2015 година на адреса: Агенција за…

повеќе...

Денес е ден на жалост во Македонија

Поради трагичната хеликоптерска несреќа во која животот го загубија четворица припадници на МВР, Драги Мицев, Маријан Трајковиќ, Тоде Орешков и Иљо Лопатички, Владата на Република Македонија одлучи денес понеделник, 14.07.2014 година, да биде прогласен за ден на жалост на целата територија на Република Македонија.

повеќе...

Започнува AIR Screening – селекција во воздух за 34 преостанати кандидати за пилоти

Министерката за внатрешни работи м-р Гордана Јанкулоска заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР Митко Чавков, денес го посетија Центарот за обука на пилоти во касарната “Страшо Пинџур“ во Петровец а по повод почетокот на таканречената AIR Screening – селекција во воздух, со првата група  кандидати за прием на пилоти на полициски хеликоптер по конкурсот што МВР го објави пред неколку месеци. Притоа, од страна на раководните лица на Центарот министерката Јанкулоска беше информирана како за досегашниот тек на селекцијата на пријавените кандидати, така и за оваа…

повеќе...