Во тек се активностите на Црвен крст и Флоријан за спроведување обуки за спасување на вода и укажување прва помош

Во тек се заеднички активноси на Црвен крст Охрид и Операција Флориан, Манчестер, Англија кои се насочени кон спроведување на обуки за спасување на вода и укажување на прва помош, по највисоките светски стандарди. Обуките, под водство на инструкторите за безбедност на вода и прва помош од Операција Флориан и Црвен крст Охрид ги посетуваат припадниците на граничната-езерската полиција, припадниците на територијалната противпожарна бригада од Охрид и членови на единиците за безбедност на вода и планина при Црвен крст Охрид.

Стекнатите знаења и вештини и подготвеноста за делување во несреќи посетителите на обуката и надлежните институции ќе ги презентираат на јавни показни вежби, кои во организација на Црвен крст Охрид и според соодветно сценарио ќе се одвиваат:

1. 27.06.2014 г.(петок) од 19 – 21 ч. плато пред Градското пристаниште-симулација на сообраќајна незгода, извлекување на повредени и укажување на прва помош

2. 29.06.2014 г.(недела) 11 ч. старо пристаниште пред х.Палас-симулација на несреќа на пловен објект, извлекување на давеници и укажување на прва помош.