Исклучително е важно да се користат искуствата на Советот на Европа за рехабилитационите проекти во областа на културното наследство, насоките на УНЕСКО, формулирани во Конвенциите за движното и недвижното наслдство.
Нашиот регион располага со богато културно наследство, со голем диверзитет на изразување и единство на различностите. Овие карактеристики се голем потенцијал за развој на нашите релации, но ние мораме уште поефикасно да соработуваме и со клучните партнери во регионалните процеси.
Ова денеска отврајќи ја Министерската конференција на Советот на министри за култура на ЈИЕ на тема „Јакнење на културата во функција на развојот“ што с еодржува во Охрид го изјави министерската за култура на Република Македонија, Елизабета Канческа-Милевска.
Според министерката, исклучително е важно да се користат искуствата на Советот на Европа за рехабилитационите проекти во областа на културното наследство, насоките на УНЕСКО, формулирани во Конвенциите за движното и недвижното наслдство, помошта на Европакста Унија материјализирана преку Европската финансиска поддршка од инструментот за претпристапна помош ИПА.
„Ние заеднички мораме да проектираме долгорочен менаџмен во областите од наш заеднички интерес, како што се заедничка одговорност з акултурното наследство, силна регионална соработка, користење на мешународната помош и поддршка и слично“, истакна Канческа-Милевска.
Зборувајќи за приоритетите, министерката рече дека во иднина акцент треба да биде ставен и на отварањето на нови регионални центри од различни области кои ќе овозможат заеднички да се креира една квалитетна високоразвојна културна политика.
„Наша долгорочна мисија, секако треба да биде развивањето и подигањето на нивото на општата интелектуална култура во нашата средина како неопходен предуслов за секој вид општествен напредок. Ние мораме на секој можен начин, заедно со медиумите да влијаеме на образованиетоо и перцепцијата на младите за вистинските вредности, за поттикнување на нивната креативност која понатаму ќе влијае врз развојот на креативнит еиндустрии, но и сите други сегменти во општественото делување“, додаде минситерката Канческа- Милевска.
Таа потенцира дека во РМ културата и културнто наследство се високо позицинирани во приоритетите на Владата и на министерството за култура.
„Во времето на светската глобална криза кога целиот свет се соочи со потешкотии во буцетирањето, нашата Влада сепак, со големо внимание инвестираше во многу квалитетни проекти од областа на културата и културното наследство. Моам да зебележам дека културата, во вистинска смисла на зборот, ја ставивме во финкција на целокупниот општествен развој, како корисна индустрија за социјална и економска благосостојба на државата Наш приоритет беше и ќе остане меѓународната презентација и соработка, и во тој контекст, ќе настојуваме и во иднина да поттикнуваме нови инцијативи и активно ќе партиципираме во постоечките проекти кои во голема мера можат да ја интензивираат регионалната соработка“, рече Канческа-Милевска.
Генералната директорка на УНЕСКО Ирина Бокова истакна дека во 2004 година повеќе од 15 милиони американски долари се канализирани и управувани од страна на УНЕСКО особено со цел да се зајакне улогата на културата во Југоисточна Европа.
„Така и денес, десет години подоцна, се верува дека можеме да се гордееме што сето тоа заеднички го постигнавме. Ова е време кога можеме да ја обновиме нашата заложба и може да отвориме ново поглавје во нашата работа со интегрирана и обединета платформа за министерска соработка“, рече Бокова.
Според неа, одржливиот развој не може сам по себе да се изготви преку економски и политички стратегии, туку, како што кажа, тој мора да се изгради врз основа на одржливите и инклузивни општества, а културата е во центарот на оваа визија како сила за дијалог, социјална кохезија, креативност, дигнитет и учество.
„Културата доведува до одржливост на развојот со тоа што прави да е од големо значење за луѓето, со продлабочување на сопственоста, со тоа што таа ќе се осигура дека е со луѓето, за луѓето и од луѓето. Земјите од Југоисточна Европа можат да одиграат клучна улога за да им помогнат на политичките лидери и да ја разберат моќта на културата како индустрија која овозможува работни места и доведува до економски раст како овоможувач на оджливот, промовирање на дијалог и идентитет“, нагласи Бокова.
Генералната директорка на УНЕСКО додаде дека моќта на културата е голема како двигател на одржливиот развој.
„Сега е потребно да ги обедини и останатите, другите лидери, другите министри, на финансии, на економија, вклучително понекогаш и вашите влади, колкава е потребата понекогаш да се инвестира во културата“, рече Бокова.
Министрите, на денешната конференција со оценка дека од нас самите зависи во каков регион ќе живееме и каков ргион ќе наследат идните генерации, каков третман ќе има културата во нашите општества и колку значаен фактор ќе претставува таа во донесувањето на регионалните политики. Првите луѓе на културата од земјите од ЈИЕ, од Србија, Бугарија, Црна Гора, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Романија и Молдавија, како и од земјата домаќин Македонија, се заложија дека заеднички ќе работата за унапредување на регионалната сораборка и за поефикасно управување со културното наследство, прифаќајќи нови идеи и технологии на соработка, нови решенија кои ќе доведат до нови видливи резултати.