По вчерашната јавна показна вежба на Градскиот плоштад и Пристаништето во Охрид, на која припадниците на територијалната противпожарна бригада од Охрид и тимовите за укажување на прва помош при Црвен крст Охрид во соработка со инструкторите на Операција Флоријан ги покажаа своите знаења и техники за извлекување на повредени од возило во сообраќајна незгода и укажување на прва помош.
Црвен крст Охрид ви најавува и ве поканува на уште една показна вежба на која ќе учествуваат институциите надлежни да дејствуваат при несреќи на вода, а која ќе се случува на старото градско пристаниште во Охрид, утре, 29-ти јуни (недела) со почеток во 11:00.
Показните вежби, кои секоја година пред почетокот на летната туристичка сезона ги организира Црвен крст Охрид, се добра можност да се покаже и утврди подготвеноста и координацијата на надлежните институции кои делуваат при несреќи.