Туроператори и новинари од Р.Бугарија во посета на Р.Македонија

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија организираше тридневна инфо тура за тур оператори и новинари од Р.Бугарија. Во работните простории на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот седум туроператори од Р.Бугарија деновиве одржаа B2B средби со претставници од  туристичкиот сектор, туристички агенции и хотелијери од Македонија. Претставници од АППТ им ги презентираа можностите на Македонија како туристичка дестинација и субвенционирањето за странски организиран туристички промет согласно Правилникот за начинот, видот и висината на субвенциите.

Беа остварени средби со следниве тур опертори: Chris Travel LTD, TOUR 4 FUN LTD, Travelmania, Alexander Tour Co, Galaxy art Travel, VALENTI7 LTD, Bohemia Travel Agency и новинар од дневниот весник STRANDARD Daily.

Тур операторите од Р.Бугарија изразија задоволство од успешната средба во Скопје, потенцирајќи ја успешната организација на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот. Главниот интерес на тур операторите е проширување на нивната дејност и на македонскиот пазар како и зголемување на број на бугарски туристи во Македонија.

IMG_1586