Пронајдена и одземена дрога кај лице од Гостивар

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ц.Б.(22) од Гостивар, за сторено кривично дело „овозможување на употреба наркотична дрога и психотропни супстацнии“. Во септември 2013 година, од страна на полициски службеници во станот на таткото на пријавениот, затекнат е И.М.(27) од Гостивар кој заедно со пријавениот во станот ја користеле марихуаната, а од извршен претрес  пронајдени и одземени се 32,1 грам марихуана и 0,28 грама мешавина со тутун и марихуана.