Ограбени цркви во струшко

На 29.06.2014 година, во с.Пресовјане, струшко, непознат сторител со кршење на прозорско стакло извршил тешка кражба во црквите „Св. Богородица“ од каде одзел 500 денари и „Св. Никола“ од каде одзел 700 денари. Се преземаат мерки за откривање на сторителот.