Привршуваат градежните зафати во Пештани

Градежните активности кои се одвиваат во Пештани, а започнаа пред дваесеттина дена се при крај.  Денеска се привршува со партерното уредување на пешачката патека, а во наредните денови ќе се засадат дрвцата, ќе се постават клупите, ќе се постават канделабрите и ќе се уредни паркинг просторот.

„При крај се активностите околу изградбата на кејот во селото Пештани. Како единствено село кое што од поодамна е урбанизирано заслужува реализирање на ваков проект. По изградбата на потпорниот ѕид од страна на Локалната самоуправа, се пристапи кон уредување на кејот. Направени се околу 900 метри квадратни пешачка патека од бехатон плочки, а изграден е и водоводен систем кој што ќе служи за наводнување на цвеќињата. Кејот ќе биде ограден со столбчина за непречено и безбедно да се движат жителите и туристите и очекуваме во наредните неколку денови за се завршат сите активности“, изјави директорот на ЈП „Нискоградба“, Сашо Донев.

На градежните зафати беа ангажирани сите општински јавни претпријатија. Целиот овај зафат чини околу два милиони денари плус дополнителни финансиски средства кои што ги издвои Локалната самоуправа за изградба на потпорниот ѕид.

kej_pestani_400_1