Силно невреме проследено со пороен дожд, ветар и грмежи ја погоди ноќеска и утрово Словенија, а на Кредарица, што се наоѓа на 2.514 метри надморска височина падна 10 сантиметри снег.
Републичкиот центар за известување во изминатите 12 часа соопшти за повеќе удари од гром кои во некои подрачја предизвикаа пожари.
Словенечки медиуми јавуваат за голем број искршени и искорнати дрвја во Љубљана. Хидрометеоролошкиот завод соопшти дека е можна и појава на лизгање земјиште.
Извор: Нет Прес