Ќе се собираат доброволни прилози за помош во лечењето на охриѓанецот Марјан Вељаноски

Црвен крст Охрид, информира дека музичкиот настан-промоција на албумот „Ретро перспектива“ на младата џез пејачка Стефанија Милеска од Битола, кој денес ќе се одржи во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 18 часот ќе биде со хуманитарен карактер.

Влезот за присуство на настанот останува слободен, а на влезот во големата сала ќе бидат поставени собирни каси на Црвен крст Охрид во кои ќе се собираат доброволни прилози за помош во лечењето на нашиот сограѓанин, 30-годишниот Марјан Вељаноски. Во договор со пеачката Стефанија, и дел од средствата од продажбата на нејзиното ЦД, ќе бидат наменети за лечењето на Марјан.

Драги сограѓани, и овој пат да бидеме хумани!