Конференција за енергија, вода и животна средина

На свеченото отворање на Првата  конференција  за земјите од Југоисточна Европа  за одржлив развој на системи на енергија, вода и животна средина- ЈИЕ  SDEWES, Охрид 2014, што започна вчера, во името на градот домаќин учесниците ги поздрави  заменик- градоначалникот Ангел Јанев.

„Охрид е развиен туристички центар,  но  и  град полн со можности за развој на високата, незагадувачка лесна индустрија од секторите на електротехниката, информатиката и енергетиката. Со  развојот на високото образовните, особено  во делот на техничките  науки, се овозможува лесно поврзување на  науката со индустријата, рече заменик“, градоначалникот Ангел Јанев.

На првата конференција за одржлив развој на системи на енергија, вода и животна средина учествуваат екеспери и научни работници од Македонија, Хрватска, Србија, Германија, Данска, САД, Франција, Словенија, Црна Гора, Холандија, Унгарија, Грција и Колумбија.

angel_janev_400