Меѓународен фолклорен фестивал „Разиграно оро“

На летната сцена на Центарот за култура  „Григор Прличев“, синоќа свечено беше отворен  осмиот Меѓународниот фолклорен фестивал „Разиграно оро“. Фестивалот за отворен го прогласи заменик- градоначалникот  Ангел Јанев, кој истакна дека Охрид деновиве ќе биде полн со младост, музика, песни и ора.

Razigrano_oro4851

„Нашата порака, како Ваши домаќини е да се чуствувате како дома. Најдете слободно време да прошетате и  да посетите дел од богатото културно наследство, старо околу седум илјади години. Почуствувајте го духот на прекрасниот Охрид.  Дури тогаш ќе видите зошто Охрид и Охридското Езеро, како светско културно и природно наследство се под заштита на УНЕСКО. Велат, само во Охрид има таква хармонија меѓу културата и природата и дека таа дава некоја чудна инспирација и топлина во душата“, им порача на фолклористите, заменик- градоначалникот Ангел Јанев.

Razigrano_oro4852

На осмиот Меѓународен фолклорен фестивал има околу илјада учесници од Македонија, Русија, Полска, Турција, Црна Гора, Србија и Бугарија.