Македонското оро „Копачката“ во репрезентативната листа на УНЕСКО

„Пренесувано од генерација на генерација, постојано обновувано како интеракција со природата и историските услови на постоење, како духовно богатство на еден народ, сведочи за неговото опстојување.“ Ова го истакна на прес-конференција министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска по повод ставањето на орото „Копачката“ на листата на УНЕСКО за нематеријално културно наследство. „Сметавме дека преку „Копачката“ можеме пред светот да презентираме дел од нашата богата етнокореолошка традиција, нашето непроценливо фолклорно богатство. Македонските народни танци имаат важно место во македонскиот фолклор и во музичката традиција, и токму затоа, во изминатиот период со…

повеќе...

Меѓународен фолклорен фестивал „Разиграно оро“

На летната сцена на Центарот за култура  „Григор Прличев“, синоќа свечено беше отворен  осмиот Меѓународниот фолклорен фестивал „Разиграно оро“. Фестивалот за отворен го прогласи заменик- градоначалникот  Ангел Јанев, кој истакна дека Охрид деновиве ќе биде полн со младост, музика, песни и ора. „Нашата порака, како Ваши домаќини е да се чуствувате како дома. Најдете слободно време да прошетате и  да посетите дел од богатото културно наследство, старо околу седум илјади години. Почуствувајте го духот на прекрасниот Охрид.  Дури тогаш ќе видите зошто Охрид и Охридското Езеро, како светско културно и…

повеќе...