Министерството за финансии денеска исплати 124,8 милиони денари за субвенции за производство на полјоделски култури.
Станува збор за 4.889 земјоделци кои одгледуваат житни и индустриски култури. Висината на мерката изнесува 9.000 денари по хектар обработена површина.
Со истекот на забраната за исплата на субвенции заклучно формирање нова влада согласно Изборниот законик, Министерството за финансии продолжува со исплата на субвенциите. Наша цел е брза и уредна исплата на субвенциите на земјоделците како поддршка на една од носечките гранки на стопанството-земјоделието.