Се известуваат жителите кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Дебрца дека утре, 2-ри јули (среда), екипите на Центар за јавно здравје Охрид ќе спроведат теристичка (од земја) дезинсекција со цел уништување на комарците – прво запрашување. Запрашувањето ќе се врши во период од 22:00 до 05:00 часот, со апарат за УЛВ ладно запрашување поставено на пикап возило.
Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во Општината, подрачјето на река Сатеска, локалитетите со застојни водени површини, урбани населби и локалитети предвидени во планот и програмата.
Се молат пчеларите и пчеларските задруги да ги преземат соодветните мерки за заштита на пчелите.
Третирањето ќе се изведе со препаратот AQUA K–OTHRINE со активна супстанца DELTAMETHRIN.
Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.
За сите информации и прашања отворен телефон за контакт во Центар за јавно здравје Охрид е 231 881 и 230 231.