Се поставуваат нови бетонски столпчиња

По налог на Фондот за комунален развој сообраќај и улици при Општина Охрид, Јавното Претпријатие „Градски гробишта“ вчера и денес  поставува  бетонски столпчиња на неколку локации низ градов  каде постоечките се уништени.

Вакви  нови заштитни  бетонски столпчиња веќе  се поставени на кружниот тек во непосредна близина на градскиот плоштад, на улица „Македонски Просветители“ кај УНИ Банка и пред туристичката агенција „Фибула Травел“ а денес ќе се поставуваат и на неколку други локации.    Бетонските столпчиња  се поставуваат со цел поголема безбедност на пешаците  во сообраќајот.
Од утре надлежните од ЈП „Градски гробишта“ ќе бидат ангажирани во рибарската населба Пештани каде ќе ги  заменуваат  постоечките  со  нови даски за клупи, ќе поставуваат  бетонски столпчиња  околу парковите и   ивичњаци  крај езерскиот  кеј.