Охрид ќе биде домаќин на првата „Лидерска академија за жени“

Врвни обучувачи од Германија, Турција, Португалија, Холандија, Нов Зеланд, САД, Хрватска, Данска, Литванија, Италија и Македонија ќе бидат дел од првата „Лидерска академија за жени“, која од 16-25 јули 2014 година ќе се одржува во Охрид. Оваа академија е во организација на клубот „Сороптимист“ од Струга со поддршка на Унијата на Сороптимист од Република Турција. 

Повикот за учество на академијата е сеуште во тек и истиот ќе биде отворен до 7-ми јули 2014 година. На овој повик ќе може да се пријават девојки и жени на возраст од 18 до 30 години

„Академијата ќе опфати 32 работилници, а за првпат во Македонија ќе имаме еден холистички пристап кон лидерството кој ги опфаќа телото, умот, срцето и духот. Преку активно учење, тимска работа, презентација на животни искуства на успешни жени лидери, создавање кариерен план, многу дружење и забава учесничките ќе имаат уникатно искуство, стекнувајќи нови знаења и вештини“, вели Катерина Василеска органзатор на академијата.

Според неа на Македонија и е потребна една нова генерација на модерни лидери на сите нивоа кои се спремни да ја певземат одговорноста и активно да работат и соработуваат за доброто на заедницата во која живеат.

Повеќе информации за пријавување на академијата ќе може да се добијат на веб страницата клубот „Сороптимист“ www.soroptimistmacedonia.com.