За период од една година и три месеци откако на власт е градоначалникот Никола Бакрачески, асфалтирани се вкупно 30 400 метри квадратни улици во општина Охрид:
– асфалтирани се делови од улицата „Карпош Војвода“ и „АСНОМ“. Ново асфалтираниот дел на ул. “АСНОМ“ е со површина од 1 800 м2. Во рамки на програмата за комунален развој се асфалтираше:
– Дел од улицата „Јане Сандански” со површина од 1 950 м2,
– улицата „Сирма Војвода“ на површина од 4 517 м2,
– целосно е асфалтирана улицата „Богомилска со површина од 1 743м2,
– целосно ревитализирана и асфалтирана е улицата „Крум Точко” во површина од 1 940м2 ( на оваа улица се изврши реконструкција на водоводната мрежа во должина од 319 метри, се постави и атмосферска канализација во должина од 230 метри.
– Улицата „Ристо Чадо“ е проширена во должина од 200 метри.
– Извршено е асфалтирање на тесни улици и прекопи во населба „Гоце Делчев”, ул. „Македонска Ударна Бригада”, крак на улица „Момчило Јорданоски”, улица „Богомилска”, улица „Караорман” пред градинката „Јасли“ , улица „Галичица“,улица „Ванчо Питошески“ , село Велгошти, улица „8-ми Март“, улица „Прилепска“, улица „28-ми Април“, село Велгошти пред училиште, село Завој и пат Горно Лакочереј- Долно Лакочереј – Орман. Асфалтирани се улички во Пештани.
– патот Вапила –Сирула, реконструкција 1 700 м2 и изработка на нов пат во должина од 2 700 м2.
– асфалтирани се 8 улички во село Косел во вкупна должина од 1 000м2 и површина од 3 000 метри.
Инаку во тек е пополнувањето на ударните дупки низ градските улици. Акцијата веќе се реализира во централните , а поради стартот на летната туристичка сезона истата периодов продолжува на периферните улици. Со проектот е предвидено асфалтен материјал да се стави на површина од околу 1 500 квадрати.