Централниот настан на културно – забавната манифестација „Бело Лето“ ќе се случи вечер во 21:00 часот, на Градскиот плоштад. За добрата забава ќе се погрижат популарната музичка група „Нокаут“ и познати ди џеи.
Претходно ќе се одржи промоција на традиционалните занаети на малиот плоштад започнува годинешната културно – забавна манифестација „Бело Лето“. Посетителите на оваа промоција ќе имаат можност да се запознаат со традиционалните занаетчиски изработки на занаетчиите од градот, а исто така ќе им биде понуден и попуст од 20% за оние кои сакаат да купат некоја изработка.
И оваа година во манифестацијата се вклучени голем број угостителски објекти кои своите услуги ќе ги нудат со пониски цени од 10 до 30 %.
Манифестацијата „Бело Лето“ се одржува по втор пат, со цел да овозможи добра забава за охриѓани и туристите.