„Бело лето“ ја отвори туристичката сезона во Охрид

Во организација на Општина Охрид, со промоција на традиционалните занаети на малиот плоштад и официјално синоќа започна овогодинешната манифестација „Бело лето“  која полека, но сигурно станува препознатлив бренд  за одбележување на почетокот на летната туристичка сезона во Охрид.   

Централниот настан на годинешната манифестација беше спектакуларниот настап со самостоен концерт на момците од групата „Нокаут“, кои пред охриѓани и гостите на плоштадот во Охрид го претставија нивниот албум, но ги  отсвирија нивните најголеми хитови. Вечерта со свој сет настапи и диџеј Насти Делукс.

Сите културни институции во Охрид, како и секоја година, така и оваа , беа  вклучени во реализацијата на програмата на најдолгата бела ноќ во Охрид. 

Во рамки на активностите, угостителските објекти  понудија попуст на своите услуги до 30 проценти. Манифестацијата „Бело Лето“ се одржа по втор пат, со цел да овозможи добра забава за охриѓани и туристите.

А.Андриоски/WebOhrid