Од Младинскиот сојуз, информираат за активности кои што се дел од проектот Contacts for the common future, билатерален проект кој што е започнат во 2010 година, а има за цел подигање на нивото на соработка помеѓу граѓанскиот сектор од Македонија и Грција посебно помеѓу младинските активисти и организации. Проектот е организиран од Младински Сојуз(www.youthalliance.org.mk), УНЕСКО Младинскиот Клуб од Солун и Фондацијата Фридрх Еберт (www.fes.org.mk) канцеларија во Скопје a е финансиски поддржан од амбасадата на Кралството Норвешка во Белград.
Оваа година проектот Contacts for the common future има етапа Youth Empowerment and employment – охрабрување и вработување на младите преку споделување на искуства и организиран настап за користење на можностите што ги дава преку – граничната соработка. Како втора фаза од проектот е планирана тренинг работилница која што се одржува од денес до 07 јули (понеделник) во Струга.
На тренинг – работилницата учествуваат 25 претставници (по 12 од секоја држава) од Македонија и Грција. Целна група на проектот се високо мотивирани младински лидери кои што мотивацијата ја црпат од потребата за заедничко надминување на проблемите со кои што се среќаваат во секојдневието, а најголем за проблем за младите е невработеноста.
„Нашиот проект им овозможува на активните млади луѓе од двете соседни земји да ги споделат своите искуства, да разменат контакти, како и за да презентираат нови идеи.
Со помош на овој тренинг, тие ќе имаат можност да се подготват за младинска работа во насока на тоа како полесно да се совладаат стереотипите и бариерите кои постојат меѓу Македонија и Грција, а се од политичка природа, како успешно да се надминат конфликтите, како да работат во тим, и најважно, на кој начин да се поттикнат и охрабрат младите во двете земји за самовработување и формирање на нов бизнис.“– вели Проектниот Асистент, Марија Арсоска.
Тренингот е продолжение на работилницата под истиот назив која се одржа на 19ти јуни во Крушево, на која главна тема беше невработеноста кај младите во пограничниот регион.
Повеќе за Младински Сојуз
Мадински Сојуз е независна, невладина и непрофитабилна организација формирана во 1999 година. Нашите членови се млади луѓе на возраст од 15 до 35 години, кои работат, студираат или пројавуваат интерес во процесот на Евро Атланската интеграција на земјава и во регионот. Сојузот е раководен од страна на млади луѓе за младите луѓе, овозможувајќи огромно искуство за сите.
Приоритети:
· Активно учество на младите во донесувањето на одлуки на локално, национално и регионално ниво
· Придонес на младите во процесот на Евро-Атланска интегација на регионот
· Охрабрување и поддршка на младите за целосно учество во општеството со овозможувајќи им нови контакти, искуства и знаење
· Поголем придонес на младите во економскиот развој на нивните локални самоуправи
Цели:
· Промовирање на нови начини на изразување на мислењето и гледиштата на младите од регионот наспроти добро-познати политички и некооперативни методи
· Прифаќање на европските вредности на младите од регионот.