По добиеното телефонско јавување за пронајден давеник утрово во водите на Охридското езеро, СВР Охрид ги презеде сите мерки за идентификација односно утврдување на идентитетот на удавеното лице.
Александар Ѓ. (25) од кочанското село Зрновци е лицето што во безживотна состојба утрово во 07 часот и 20 минути е забележано во водите на Охридското езеро. Телото е видено од граѓанин на оддалеченост од околу 5 метри од платформата на еден угостителски објект во централното градско подрачје каде длабочината на езерската вода е околу 2 метри.
На местото на настанот увид изврши јавен обвинител и полициски екипи. На безживотното тело не се забележани траги на насилство а во текот на денов ќе биде извршена обдукција.