Косовската претседателка Атифете Јахјага донесе одлука на 17 јули да се одржи конститутивната седница на новиот косовски Парламент.
Според соопштението, сите нејзини активности ќе бидат базирани на Уставот на Република Косово и законите кои се во сила. По констиуирањето на Парламентот, претседателката Јахјага треба да даде предлог за мандатар на новата влада.
На вонредните избори најмногу пратенички места, 37 освои Демократската партија на Косово на Хашим Тачи.
Извор: Нет Прес