Од полноќ, во наредните 24 часа изменет сообраќаен режим на ГП „Богородица“ и ГП „Меџитлија“

Пограничните служби при Министерствотото за внатрешни работи вечерва од страна на грчките гранични служби добија известување дека заради утрешниот протест на тамошните царински службеници во наредните 24 часа, почнувајќи од вечерва на полноќ, ќе има изменет сообраќаен режим на граничните премини „Богородица“ и „Меџитлија“.

Имено, и на двата ГП во наредните 24 часа нема да се одвива сообраќајот на товарни моторни возила, односно ќе биде сопрен секаков влез или излез на ТМВ. На ГП „Меџитлија“ ќе има измени и во патничкиот и автобускиот сообраќај, односно оваа категорија возила ќе се пропуштаат повремено, додека пак на ГП „Богородица“, патниот и автобускиот сообраќај ќе се одвива нормално.

Според добиеното известување од грчката страна единствено на ГП “Стар Дојран“ нема да има никакви ограничувања на сообраќајот.