Во Црквата Св.Софија – Охрид, вечерва во 21 часот концерт ќе одржи рускиот пијанист Питер Лаул, во рамки на програмата на „Охридско лето“.
На програмата ќе бидат изведени дела на Ф. Шуберт, М. Мусоргски.
Петр Лаул е руски пијанист чија концертна дејност се протега низ речиси сите земји во Европа, но и надвор од границите на овој континент. Настапува како солист и како камерен музичар, соработувајќи притоа со голем број значајни музички имиња и водечки оркестри. Чест гостин е и на некои на најпрестижните фестивали во Русија и Европа, меѓу кои и фестивалите „Ѕвездите на белите ноќи“ и „Лицата на интернационалниот пијанизам“ во Санкт Петерсбург, „Ноемвриска уметност“ во Москва и други. Добитник е на повеќе награди, меѓу кои и наградите за најдобра изведба на дела од Јохан Себастијан Бах и Франц Шуберт, како и почесната награда „За достигнувања на полето на уметноста“ од страна на Министерството за култура на Руската федерација.
На полето на камерната музика вбројува соработки со Марк Копеј, Сергеј Левитин, Алена Баева, Александар Гиндин, Пол Мејер, квартетот „Бородин“ и многу други. Има издадено повеќе компакт-дискови, а има остварено и бројни ТВ и радиоснимки во Русија и други земји.