Ограбени цркви во струшко Радожда

Поради постоење основи на сомнение за сторени три казнени дела „Тешка кражба“, полициската станица од Струга против М.М.(24) од албанското село Котодеш поднесе кривична пријава. Него одредена му е мерка притвор во траење до осум дена.

Пријавениот, во периодот од први мај до осми јули оваа година, извршил серија тешки кражби во црквите „Св.Петка“, „Св.Архангел Михаил“, и „Св.Недела“ во струшкото село Радожда. Тој илегално ја преминувал македонско-албанската граница по што вршел обиколка низ населбата Радожда. Во погоден момент, М.М. влегувал во црквите каде насилно и со физичка сила ги отворал влезните врати. Откако ќе извршел пребарување во внатрешноста на црквите, ги земал металните каси и со употреба на тврд предмет ги кинел држачите од катинарите. Потоа ги одземал парите од касите и од иконите и брзо излегувал од црквите. На тој начин, сега притворениот М.М. присвоил околу 3000,оо денари.

По извршувањето на кражбите,  М.М. по илегалниот пат  се враќал назад во родното село во Република Албанија.