Во рамки на своите превентивни програми Црвен крст Охрид започнува со имплементација на нов пристап во третманот и работата со лицата кои се зависни од конзумирање алкохол. Во соодветна просторија во Црвен крст Охрид, секој петок од 19-20 ч. група за поддршка ќе работи со лицата кои имаат проблем со прекумерното конзумирање алкохол, на прифаќање и примена на 12 чекори, кои водат до опоравок. Со тоа Охрид добива едно сигурно место, каде сите оние наши сограѓани кои препознаваат кај себе проблеми со конзумирањето на алкохол, ќе имаат единствена можност, без никаков надомест, да применат светски проверени и признаени методи и техники и ја надминат зависноста од алкохолот.
Групата за поддршка започнува со работа во петок, денес, 11.07.2014 г. во 19 ч. во просториите на Црвен крст Охрид.
За повеќе информации достапни се контактите во Црвен крст Охрид 046 261-909, ohrid@redcorss.org.mk.