Според податоците на Државниот завод за статистика, во мај 2014 се издадени 194 одобренија за градење што е за 7.2% помалку во однос на истиот месец од претходната година.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 5 849 517 илјади денари што е за 236.3% повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Зголемената предвидена вредност се должи на изградбата на останатите делници од новите два капитални проекта за автопати.
Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 139 (71.7%) се наменети за објекти од високоградба, 27 (13.9%) за објекти од нискоградба и 28 (14.4%) за објекти за реконструкција.
Од вкупно 194 објекти, на 150 (77.3%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 44 објекти (22.7%) инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 504 станови со вкупна корисна површина од 43 765 м2.