Делегација на Царинската управа на Република Македонија предводена од директорот Наташа Радеска Крстевска, во Фиренца, Италија учествуваше на вториот Управувачки комитет за Системот за размена на податоци (SEED – Systematic Electronic Exchange of Data).
Проектот SEED, финансиран од Европската Комисија и предводен од Царинската Администрација на Република Италија е започнат на 14 септември 2010 година. Апликацијата за системска размена на податоци е наменета за размена на податоци по електронски пат помеѓу царински администрации на две соседни држави во реално време и има огромно значење при секојдневното работење на царинските службеници од граничните премини.
За време на Управувачкиот комитетот се евалуираа резултатите од проектот постигнати досега, а се дискутираше и за продолжување и одржување на SEED апликацијата во иднина. Во оваа пригода и директорот на Царинска управа на Република Македонија ги презентираше досега постигнатите резултати и развојот на апликацијата во Република Македонија. На Комитетот покрај генералните директори и високи претставници од Царинските управи во регионот, присуствуваа и релевантни претставници на Европската Комисија.