Делегација од градот Чезз, Сенегал во посета на Охрид

Градоначалникот на општина Охрид Никола Бакрачески деновиве е домаќин на гости од далечниот Сенегал кои престојуваат во Охрид на негова покана. 

Делегацијата од градот Чезз ја предводи градоначалникот Идриса Шек – со кого Бакрачески стапил во контакт при престојот во Каен на одбележувањето на 70 години од Денот Д.

Гостите од Сенегал денес се во посета на манастирскиот комплекс Свети Наум, а синоќа имаа работна вечера со градоначалникот Бакрачески и со претседателката на Советот на Општина Охрид Гордана Коњаноска.

gosti_senegal_400

На вечерата беа присутни и гости од Србија, поточно Помошник градоначалникот на Суботица и советник за мали бизниси Љубен Христов и проект менаџерот во локалниот економски Совет на Суботица – Мелинда Наџ.

gosti_senegal_400._2

Бакрачески на гостите од Сенегал и Србија им подари пригодни подароци за спомен од нивниот престој во Охрид. Гостите од Сенегал и Србија по покана на градоначалникот вечерва ќе присуствуваат и на отворањето на Охридско лето.