Континуирано одржување на летните сцени

Одржувањето на јавната хигиена на сцените и јавните простори каде што се одржуваат бројните културни манифестации се е дел од летната оперативна програма на ЈП „Охридски комуналец“.

Редовно се одржува хигиената на летните сцена „Долни сарај“ , Античкиот театар, предворјето на црквата „Св. Софија“, малиот и плоштадите „Св. Климент Охридски“  и „Крушевска  Република“, како и другите локации каде се одржуваат културни и други јавни и забавни манифестации.

Екипите на ЈП „Охридски комуналец“  чистат  пред одржувањето на манифестацијата, се опфаќа и околниот простор, а потоа се расчистува локацијата по одржувањето на настанот.