Хортикултурно уредени „Железничка“ и „Булеварот Туристичка“

Започнувајќи од 13 мај годинава, ЈП „Охридски Комуналец“ ја реализира втората фаза од уредувањето на бетонската жардинерија на улицата „Железничка“. Жардинеријата хортикултурно се уредува со засадување на декоративни зимзелени растенија од видовите пироканта, вибрунум, берберис, елата и лоницера, кои нема да пречата на видливоста на возилата и безбедното одвивање на сообраќајот. Досега  е засадено 60% од целата должина на сообраќајницата со 1100 садници.

На булеварот Туристичка, поставено е црево за наводнување на вегетацијата со вкупно 350 прскалки. За жал и на двете сообраќајници, направени се оштетувања, односно украдени се 70 садници и околу 100 прскалки. Екипите од ЈП „Охридски Комуналец“ веднаш ги заменија украдените садници со нови, а наскоро ќе ги санираат и штетите на булеварот Туристичка, со молба до граѓаните да бидат совесни и да не посегаат по општото добро на сите охриѓани.