Според податоците на Државниот завод за статистика, во јуни 2014, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски за 0.2% на месечно, односно за 0.7% на годишно ниво.
Во јуни 2014, во споредба со мај 2014, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групата Енергија за 0.2%, во групата Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0.2% и во групата Интермедијарни производи, освен енергија за 0.3%, додека во групите Капитални производи и Трајни производи за широка потрошувачка индексите се на исто ниво.
Во јуни 2014, во споредба со јуни 2013, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групата Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2.5%