Одржувањето на јавната хигиена на сцените и јавните простори каде што се одржуваат бројните културни манифестации се е дел од летната оперативна програма на ЈП „Охридски комуналец“.
Редовно се одржува хигиената на летните сцена „Долни сарај“ , Античкиот театар, предворјето на црквата „Св. Софија“, малиот и плоштадите „Св. Климент Охридски“ и „Крушевска Република“, како и другите локации каде се одржуваат културни и други јавни и забавни манифестации.
Екипите на ЈП „Охридски комуналец“ чистат пред одржувањето на манифестацијата, се опфаќа и околниот простор, а потоа се расчистува локацијата по одржувањето на настанот.