Лепењето на плакати на било кое јавно место е забрането

Се известуваат сите правни и физички лица, дека врз основа на одредбите од Законот за јавна чистота ( Сл. Весник на РМ бр.130/10 ……) член 14 и одредбите од Одлуката за комунален ред на општина Охрид член 63, лепењето на плакати на било кое јавно место е ЗАБРАНЕТО, освен на места определени за таа намена.

Лепењето на плакати на места кои не се предвидени за таа намена е прекршок и се казниви. Доколку во иднина се констатира прекршување, прекршителите ќе бидат соодветно санкционирани.