Според податоците на Државниот завод за статистика, вредноста на вкупниот откуп и продажбата на земјоделски производи во мај 2014 година изнесува 760 096 илјади денари што претставува намалување за 17.7% во споредба со мај 2013 година.
Вредноста на откупените земјоделски производи од индивидуалните земјоделски производители е намалена за 13.8%, а продажбата од сопственото производство на претпријатијата е намалена за 21.4%.
Намалување на вредноста на откупените и продадените земјоделски производи се забележува кај следниве производи: жита, градинарски растенија, овошје, алкохолни пијалаци и добиток, додека зголемување се забележува кај: индустриски растенија, живина и јајца, млеко, млечни производи и риба.