Осветена „Св.Недела“ во Долно Коњско

Со црковно-народен собир денес (13 јули), на празникот Собор на Светите славни и сефални апостоли- Павловден, во охридското село Долно Коњско, на радост  на  стотици  жители коштанци и други  верници беше осветена црквата „Св. Недела“.

Осветувањето го изврши Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

На самиот свечен чин – осветување,  присуствуваа и жители од околните места.

WebOhrid  им посакува  многу нови свадби  и крштевки   во  новоосветената црква „Света Недела“ ! 

WebOhrid/Дим Дон