Настани кои ќе го збогатат културното живеење во сите општини во Македонија
Подигни програма на Манифестациите
-ПРОЕКТ „КУЛТУРНО ЛЕТО – КУЛТУРНА ЗИМА“
Општина Дојран
Општина Ресен
Општина Берово
Македонските граѓани и гости од регионот ќе можат да проследат повеќе од 160 настани во рамки на седмото издание на манифестацијата „Топол културен бран“. Програмата ќе се реализира во два циклуси, од 20 до 31 јули и од 20 до 31 август.
„Топлиот културен бран“ несомнено ја постигна својата цел, дисперзирање на културните содржини. Создаде еден силен културен импулс кој ги допре и областите на неформалната едукација и презентација на културните вредности кои ги поседуваме како држава.
Од оваа година ќе се реализираат и манифестации во градовите кои имаат големи туристички потенцијали. Дојран, Берово, Ресен и Градот на културата за 2014 година Крушево, се првите општини кои заедно со Министерството за култура ќе ја започнат реализација на овој проект кој ќе создаде предуслови за конкурентност на севкупниот туристички сектор во државата.
Настаните ќе го збогатат имиџот на овие градови како туристички дестинации, ќе мотивираат голем број на странски и домашни туристи да ги посетат овие општини, ќе ги стимулираат локалните бизниси и ќе отворат нови перспективи за дополнителни инвестиции од кои најголем бенефит ќе има локалната заедница.