Гастрономски и гурмански тури низ Македонија

Холандскиот водич за гурмански тури “Gosto travel”, е компанија која организира гастрономски патувања, а во својата понуда ја има и Македонија.

Иницијативата за организирање на гурмански тури низ Македонија за холандските туристи започна со издавањето на готвачот на холандски јазик на Жаклина Темелковска насловен “Сеќавањата на македонската кујна”. На следниов веб сајт сите заинтересирани гурмани можат да прочитаат голем број рецепти од традиционалната македонска кујна:

http://www.macedonischekeuken.nl

gurmanski turi v1

На интернет страната на холандскиот водич за гурмански тури “Gоsto travel”, http://www.gostotravel.nl може да се погледне целокупната програма која вклучува посета на културните знаменитости во градовите и руралните средини, винариите и рестораните низ Македонија во различни региони каде може да се вкусат зготвени јагнешки чорби во земјени садови, различни специјалитети од тесто, вкусен галички кашкавал и беровско сирење, охридска пастрмка, крушевски локум и други специјалитети од традиционалната македонска кујна.

gurmanski turi v3